Костадиновски: Не може да пропадне приватна компанија, за да земе некој плата во јавно претпријатие!
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски синоќа во гостувањето кај ТВ21 за предметот поврзан со долговите на јавните претпријатија предупреди дека можната одлука би имала сериозни последици врз државниот систем и економијата. – Последиците од нашата евентуална одлука можат да бидат катастрофални, дури и од катаклизмични размери, бидејќи долговите на јавните претпријатија се околу една милијарда евра – истакна Костадиновски.