Македонија

Костадиновски: Не може да пропадне приватна компанија, за да земе некој плата во јавно претпријатие!

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски синоќа во гостувањето кај ТВ21 за предметот поврзан со долговите на јавните претпријатија  предупреди дека можната  одлука би имала сериозни последици врз државниот систем и економијата. – Последиците од нашата евентуална одлука можат да бидат катастрофални, дури и од катаклизмични размери, бидејќи долговите на јавните претпријатија се околу една милијарда евра – истакна Костадиновски.

Првиот човек на Уставниот суд на Македонија нагласи дека државата мора да воведе финансиска дисциплина и да стави крај на неодговорното работење на јавните претпријатија.

– Не може јавните претпријатија да се однесуваат бахато и комотно, а приватни компании да пропаѓаат затоа што не можат да си ги наплатат долговите. Мора државата да најде некој начин како да се справи со ова или со партиската превработеност. За тие да земат плата, на пример, приватна компанија треба да пропадне, мора да се стави крај на ова – порача претседателот Костадиновски.

Најнови вести од: Македонија

Повелете, неписмен бугарски публикуме – Адвокатка ги демаскира бугарските напади врз македонскиот капитен

Македонскиот капитен го повтори тоа што преходно во Софија го стори претседателката Сиљановска-Давкова која одби да одговара на бугарски јазик и зборуваше на англиски јазик

To top