„Н.М“: Секоја грчка влада го попречуваше македонскиот пат кон ЕУ, давајќи пример како се тргува со европските вредности! – Сега тоа го прави Бугарија!
„Кога во јуни 2003 година на самитот на ЕУ и Западниот Балкан беше усвоена ‘Солунската агенда’, никој не претпоставуваше дека токму на тој собир, наместо отворање на вратите, ќе биде запечатена европската судбина на земјите од регионот. Освен Бугарија и Романија, кои влегоа со политичка одлука во 2007 година, како и Хрватска, која послужи како доказ дека процесот е наводно жив, ниедна друга земја не стана дел од ЕУ безмалку 20 години. Значителен дел од вината за оваа непроменета ситуација ја сносат токму создавачите на ‘Солунската агенда’. Грција со години ја блокираше Македонија, користејќи го спорот за името како инструмент за кочење, со што на другите членки на ЕУ им го ‘сервираше’ најопасното оружје: ветото како алатка за билатерални уцени. Сега, повторно официјална Атина се повикува на ‘Солунската агенда’“, обидувајќи се да се наметне како лидер на процесот што самата го минираше.“ – ова се нагласува во анализата со наслов „Оригиналниот ‘тројански коњ’ во евроинтеграциите е всушност – грчкиот“.