Македонија

„Н.М“: Секоја грчка влада го попречуваше македонскиот пат кон ЕУ, давајќи пример како се тргува со европските вредности! – Сега тоа го прави Бугарија!

„Кога во јуни 2003 година на самитот на ЕУ и Западниот Балкан беше усвоена ‘Солунската агенда’, никој не претпоставуваше дека токму на тој собир, наместо отворање на вратите, ќе биде запечатена европската судбина на земјите од регионот. Освен Бугарија и Романија, кои влегоа со политичка одлука во 2007 година, како и Хрватска, која послужи како доказ дека процесот е наводно жив, ниедна друга земја не стана дел од ЕУ безмалку 20 години. Значителен дел од вината за оваа непроменета ситуација ја сносат токму создавачите на ‘Солунската агенда’. Грција со години ја блокираше Македонија, користејќи го спорот за името како инструмент за кочење, со што на другите членки на ЕУ им го ‘сервираше’ најопасното оружје: ветото како алатка за билатерални уцени. Сега, повторно официјална Атина се повикува на ‘Солунската агенда’“, обидувајќи се да се наметне како лидер на процесот што самата го минираше.“ – ова се нагласува во анализата со наслов „Оригиналниот ‘тројански коњ’ во евроинтеграциите е всушност – грчкиот“.

Натаму во анализата се наведува: Министерот за национална одбрана на Грција, Никос Дендиас, во својот неодамнешен говор пред припадниците на грчкиот контингент на КФОР во Косово истакна дека Грција веќе со децении го поддржува она што се нарекува „Солунска агенда“, што значи влез на Западен Балкан во Европската Унија, во европското семејство. „И ова е дипломатска цел, која што нашата татковина ја поддржува независно од владите, независно од партиите, независно од министрите. Стабилноста и мирот на Балканот како апсолутно неопходен предуслов го имаат влезот на државите од Западен Балкан во Европската Унија“ – рече Дендиас.

Изјавите на грчкиот министер за одбрана Дендиас за проширувањето со земјите од Западен Балкан како повод

Но овие зборови звучат празно кога ќе се соочат со реалноста на теренот. Охрабрувачките пораки се претвораат во цинизам, кога ќе се земе предвид дека секоја грчка влада, независно од идеологијата, работеше на опструирање на македонскиот пат, давајќи им пример на другите соседи како се тргува со европските вредности. Токму затоа реформите доцнат, а евроскептицизмот е во пораст – бидејќи никој повеќе не верува во флоскули што не се преточени во дела.

Дел од домашните аналитичари се согласни дека Грција имаше шанса уште во 2003 година да стане лидер на процесот на проширување и на тој начин да се постави како главен играч во регионот, но го направи сосема спротивното.

– Апсурдот на грчката „поддршка“ најдобро се отсликува низ изгубените децении во чекалниците на ЕУ. Да беше Грција вистински застапник за проширувањето, како што декларативно се претставува уште од 2003 година, денес мапата на Европската Унија ќе беше комплетна, а Западен Балкан интегриран и стабилен. Наместо тоа, сведоци сме на опасен преседан – Атина не само што го блокираше својот сосед туку го легитимираше ветото како прифатлив метод за решавање историски и идентитетски прашања во рамките на пристапните преговори. Оваа „грчка школа“ на дипломатија ја отвори „Пандорината кутија“ што денес ја користи Бугарија, а утре можеби некоја друга земја членка. Наместо европеизација на Балканот, добивме „балканизација“ на европскиот процес. Дендиас и неговите колеги мора да разберат дека кредибилитетот не се гради со празни говори пред меѓународни мисии, туку со искрена поддршка без скриени сопнувања – сметаат аналитичарите.

Според нив, недоследноста меѓу солунските ветувања и реалната политика на сопки ја доведе Унијата во позиција на нерелевантност во регионот.

– Кога зборовите и иницијативите не се преточуваат во конкретни дела, тие стануваат само политички шум. Грција имаше шанса да биде вистинскиот мотор на Балканот; наместо тоа, таа стана неговата прва и најдолготрајна кочница. Прашањето не е дали Атина ја поддржува Солунската агенда во теорија, туку зошто две децении правеше сè за таа да остане само мртво слово на хартија. Додека флоскулите се редат, регионот тоне во апатија, свесен дека патот кон Брисел не зависи од реформите туку од каприците на соседите, кои го претворија ветото во своја единствена надворешна политика – заклучуваат аналитичарите – се наведува во анализата на „Нова Македонија“.

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

To top