Тема: хигиена

Казнети еден куп фирми кои намерно не го чистеле ѓубрето – никој нема да се толерира

Акцијата за чистење на Скопје започна неколку часа откако Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција од неговата претходничка Данела Арсовска, и се очекува да заврши на 11. ноември ноќта.

Како сега ќе функционира „Комунална хигиена“ без директор?!

Кривичниот суд вчера одреди притвор од 30 дена за директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и за управителот за отпад во претпријатието. Обвинителството претходно побара притвор за двајцата поради сомненија за стореното кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230, став 1 од Кривичниот законик.

(Видео): Стаорци големи колку мачки снимени во Центар кај натрупаното ѓубре

Поради близината до владината зграда, постои сомнеж дека стаорците преку подземните канали и коридори можеби имаат пристап и до нејзините подруми. Овој вознемирувачки случај следи по инцидентот во населбата Капиштец, каде десетгодишно дете беше каснато од глушец на детско игралиште.

Ѓорѓиевски: Време е за нова приказна во Скопје

Орце Ѓорѓиевски рече дека во изминатиот мандат биле обновени над 70 километри улици и патишта, изградени нови водоводни и канализациони линии и создадени над 80.000 квадратни метри зелени површини. Нагласи дека со отворањето на пет нови и пет доградени градинки, целосно е укината листата на чекање за згрижување деца во општината.

To top