Директорката на „Комуналец“ Асани тврди: Епидемијата во Гостивар не е од загадена вода, туку од храна и високите температури!
Директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар одговорно за градската водоводна мрежа Артана Асани во изјава за „Телма“ вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот. Асани вели дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа „причина за заболувањата на над 1200 граѓани се храната што ја јаделе или високите температури“.