Македонија

Директорката на „Комуналец“ Асани тврди: Епидемијата во Гостивар не е од загадена вода, туку од храна и високите температури!

Директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар одговорно за градската водоводна мрежа Артана Асани во изјава за „Телма“ вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот. Асани вели дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа „причина за заболувањата на над 1200 граѓани се храната што ја јаделе или високите температури“.

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба. Од АXВ велат дека со вонредниот инспекциски надзор утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем.

И од СВР Тетово ги потврдуваат сомневањата за загадување на водата. „Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот.“ – велат од СВР Тетово,

Од болницата во Гостивар изјавија дека околу 1200 пациенти со симптоми на пролив, болки во желудникот, температура и омалаксаност изминатите 3 до 4 дена побараа лекарска помош во ЈЗУ Општа Болница ‘’Д-р Ферид Мурад’’ во Гостивар. Од болницата наведуваат дека епидемијата се шири низ Гостивар но причината сеуште се утврдува.

„Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена поради која имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа , направивме зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има голем број на пациенти. Поголемиот број на пациентите се со исти симптоми како повраќање, пролив, болки во желудникот ,температура, истоштеност итн. Најголем број на пациентите со овие симптоми има на Инфектологија, Детското одделение и во Ургентното одделение.

„Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top