Ахмети не гледа пораз на изборите, најави длабинска анализа и обнова на партиските редови
          
                      
              ДУИ ги изгуби сите поголеми градови како Кичево, Струга, Дебар, Тетово. Ахмети кој постојано зборува дека неговите опоненти во албанскиот политички блок немале легитимитет, по вториот круг од локалните избори целосно делегитимиран – ги изгуби најголемите битки во општините со албанско население.