Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет – оддавање почит кон Република Македонија!
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон Република Македонија. Во присуство на бројни претставници на Армијата на Република Македонија, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица, кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.