Тема: избор

Блокирана границата со Грција

Земјоделците од северна Грција денес повторно го блокираа граничниот премин Евзони, оставајќи ги патниците и товарните возила во целосен сообраќаен застој кон и од нашата земја. Преминот беше затворен нешто по пладне, а засега нема информација кога блокадата ќе биде тргната.

Судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од Уставниот суд

Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Јадранка Дабовиќ-Анастасовска беше избрана како судијка во Уставниот суд на 12 декември 2023 година. Таа дојде на местото на пензионираниот судија Јован Јосифовски.

Ѓорѓиевски: Македонија ќе напредува, само ако администрацијата работи побрзо и поефикасно

„Новиот пристап во реформите на јавната администрација е јасно дефиниран и се темели врз четири клучни принципи: дигитализацијата како основен стандард во секоја институција, професионалната и отчетна администрација, рационализацијата на процесите со значително намалување на бирократијата и целосната усогласеност со европските стандарди и практики. Ова е визија за држава, во која системот конечно работи за граѓанинот. Со решителност и јасна насока можеме да станеме пример за функционална и европска јавна администрација.“ – порача преку фејсбук градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по денешната седница на Советот за реформи во јавната администрација, на која присуствуваше и тој.

To top