(Фото): Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака едни на други
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на верата и почитта кон вековната традиција се одржа свеченото делење на Бадниковите гранчиња. Овој светол празник, кој ја симболизира тишината пред големата радост и ја најавува светлината на Христовото раѓање, уште еднаш ги обедини верниците околу вредностите на љубовта, смирението, надежта и семејното.