Македонија

(Фото): Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака едни на други

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на верата и почитта кон вековната традиција се одржа свеченото делење на Бадниковите гранчиња. Овој светол празник, кој ја симболизира тишината пред големата радост и ја најавува светлината на Христовото раѓање, уште еднаш ги обедини верниците околу вредностите на љубовта, смирението, надежта и семејното.

Со радост и длабока почит кон традицијата, еден од најтоплите и најсветли празници во нашата духовна ризница, Бадник, нè потсетува на тишината пред големата радост, на семејното собирање, смирението, љубовта и надежта. Тоа е ден кога срцата се отвораат, кога домот станува храм, а заедништвото наш најголем благослов во пресрет на Христовото раѓање. Денес имав чест да присуствувам на традиционалното одбележување на големиот празник Бадник во Соборниот храм, каде со достоинство и верба се делеа Бадниковите гранчиња кои симбол на животот, мирот и новиот почеток.
Им честитам на овогодинешниот кум Зоран Контраденко и на здравичарот Јаков Дренковски, со искрени желби за многу здравје, среќа, благосостојба и радост во нивните домови. Нека овој свет празник нè обедини сите, да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, и заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање, рече градоначалникот на Орце Ѓорѓиевски, кој присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм.

И Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на традиционалната прослава пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ упати порака за заедништво, солидарност и хуманост по повод Бадник и Божик.

  • „Во овие мигови да се потсетиме што си значиме и да си подадеме рака. Да помогнеме таму каде што е најпотребно. Верата и надежта да ни помогнат да се сплотиме и да станеме посилни“, порача Герасимовски.

Тој изрази благодарност до „Здружението за традиционална прослава на Бадник“ за одличната организација и посветеноста во чувањето и негувањето на бадникарските обичаи. Со здравица и желба за среќни и радосни празници, на скопјани им се обратија новиот бадникарски кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски.

Во присуство на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, г.г. Стефан, беше извршен чинот на примопредавање на Бадникарскиот ќуп и се освети кумовата погача. На присутните им беа поделени осветени дабови гранчиња, кои претставуваат симбол на сила, долговечност и издржливост. Општина Центар и понатаму ќе ја поддржува бадникарската традиција како вредност што ги обединува граѓаните и го чува духот на празникот.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

To top