Уапсен А.М.Б. (41) од Англија, мавал со камења кон даночни контролори кај „Камени кукли“, сопруг е на кратовката, која го узурпираше јавниот локалитет, барајќи пари за влез
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти Обвинителството. Вчера околу пладнето полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.Б. (41) од Велика Британија. Јавноста пред неколку месеци сведочеше за случајот во кој токму на овој локалитет, жената од Кратово нелегално барала наплата на влезници, узурпирајќи го јавниот локалитет. Британецот е сопруг на оваа кратовка.