Македонија

Уапсен А.М.Б. (41) од Англија, мавал со камења кон даночни контролори кај „Камени кукли“, сопруг е на кратовката, која го узурпираше јавниот локалитет, барајќи пари за влез

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти Обвинителството. Вчера околу пладнето полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.Б. (41) од Велика Британија. Јавноста пред неколку месеци сведочеше за случајот во кој токму на овој локалитет, жената од Кратово нелегално барала наплата на влезници, узурпирајќи го јавниот локалитет. Британецот е сопруг на оваа кратовка.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој во комплексот Куклица, кратовско, спречувал инспектори од Управата за јавни приходи, кои извршувале службени дејствија. А.М.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Според наводите, на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, осомничениот го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои извршувале службени дејства поврзани со контрола на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Осомничениот, како што наведува Обвинителството, мавал со камења кон даночните контролори и кон нивното службено возило, поради што тие биле принудени да го напуштат локалитетот без да ја завршат контролата.

Ценејќи ги околностите на случајот, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top