На средбата на Сиљановска-Давкова со Џон Битов помладиот и Јордан Битов предочена можноста за засилување на канадско-македонските односи на највисоко ниво!
Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонското иселеништво во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонското иселеништво во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава Македонија, како и во претставувањето на македонските интереси и потенцијали на меѓународен план.