Македонија

На средбата на Сиљановска-Давкова со Џон Битов помладиот и Јордан Битов предочена можноста за засилување на канадско-македонските односи на највисоко ниво!

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонското иселеништво во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонското иселеништво во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава Македонија, како и во претставувањето на македонските интереси и потенцијали на меѓународен план.

Беше истакната важноста на иницијативите како „Македонија 2025“, коишто придонесуваат за поврзување на домашната бизнис-заедница со успешни професионалци и инвеститори од дијаспората, поттикнувајќи претприемништво, иновации и економски развој.

Претседателката на Македонија детално ги запозна со внатрешните и надворешните политички приоритети на државата, со посебен осврт на евроинтеграциските процеси. Тие ја предочија можноста за засилување на канадско-македонските односи на највисоко ниво.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на севкупната соработка и меѓународната афирмација на македонската држава.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top