Стефаноски: СДСМ тоне и се обидуваат да пресметаат со секого, кој ќе ја каже вистината за нивната катастрофа!
„СДСМ од очај преминаа во фрустрација. Врхушката безобѕирно се пресметува со секој, што ќе ја каже вистината за катастрофалните состојби во партијата.“ – нагласува политичкиот аналитичар Милан Стефаноски, осврнувајќи се на внатрешните битки и напади врз до вчера видни членови на партијата на Венко Филипче (читај Заев), во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.