Македонија

Стефаноски: СДСМ тоне и се обидуваат да пресметаат со секого, кој ќе ја каже вистината за нивната катастрофа!

„СДСМ од очај преминаа во фрустрација. Врхушката безобѕирно се пресметува со секој, што ќе ја каже вистината за катастрофалните состојби во партијата.“ – нагласува политичкиот аналитичар Милан Стефаноски, осврнувајќи се на внатрешните битки и напади врз до вчера видни членови на партијата на Венко Филипче (читај Заев), во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Милановски посочува: „Очајот на СДС премина во фрустрација (фрустрација – разочараност и вознемиреност, ред.заб.) . Тие имаат проблеми и се обидуваат да се пресметаат со секој, што ја кажува вистината за состојбата во СДС, дека таа како партија тоне и оти е најверојатно трета, или четврта политичка опција во Македонија. Прво се пресметаа со Алфа, па со медиумите, па со аналитичарите и сега со поранешни и сегашни функционери на СДС.“


Според овој аналитичар, „последните анкети и анализи за рејтингот укажуваат во СДСМ не можат да се рехабилитираат ни после две години власт на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Од друга страна, денес ВМРО-ДПМНЕ има стабилен рејтинг, кој има потенцијал сѐ уште да расте. Во таа смисла, зенитот на моќта на ВМРО-ДПМНЕ се уште не е достигнат, додека она што се случува во СДС е вџашувачко, бидејќи таму сепак имаше некаков никулец на можна демократија, дека СДС ќе се освести, дека ќе почуствува дека го има допрено дното, дека по изборните резултати и анкетите ќе се обидат да сменат нешто. Но оваа фрустација и оваа злоба искажана кон сегашни и поранешни сопартијци, само говори дека таа партија нема потенцијал, не знае да се обедини. Тие се во судир и со други опозициски партии,а тоа само ќе ја зацврсти политичката моќ на ВМРО-ДПМНЕ и ќе им донесе стабилност, но за опозицијата тоа ќе биде погубно на подолг рок.“ – анализира Стефаноски во „За или против“.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top