Тема: Кичево

Касами: Дехари не донесе ништо добро во Кичево, не можеме да застанеме зад него само оти е Албанец!

Билал Касами, тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, од коалицијата Вреди, во интервјуто за ТВ Алсат посочува дека „намерата не била да се поддржи ниеден кандидат, поради етничка припадност, туку врз основа на морални вредности и политички перформанси“.

Откако јавно пукна секс-скандалот, Фатмир Дехари итно да ја повлече кандидатурата за Кичево

Обидите скандалот да се прикаже како „уцена“ или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали“ не можат да ја сменат фактичката состојба – штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена. Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник, соопшти Вреди.

Ангелова: Дехари сексуално се изживува и ги понижува жените во Кичево

На денешната прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, реагираше остро на неодамнешно објавените аудио-записи кои, според неа, откриваат дека градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, наместо да се грижи за интересите на граѓаните и развојот на општината, сексуално ги вознемирува и понижува вработените жени во локалната самоуправа.

Протекоа „жешки“ снимки помеѓу Дехари и вработена во општината

Скандал ја тресе општина Кичево. Објавени се аудио снимки на Фејсбук од извесен профил Ел Чека, а  од кои се сугерира дека актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари е во врска со вработена во општината, веројатно од неговиот кабинет.

To top