Македонија

Касами: Не стојам зад Хаќим Рамадани и не го поддржувам во Брвеница, оти предизвика етничка поделба

Градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето Беса Билал Касами во интервјуто, дадено за ТВ Алсат, нагласи дека на прагот на вториот круг на локалните избори на 2 ноември тој и коалицијата Вреди не ги поддржуваат ниту Фатмир Дехари како кандидат на ДУИ за градоначалник на Кичево, ниту Хаќим Рамадани како кандидат на Вреди за претседател на општина Брвеница.

Билал Касами за ТВ Алсат се произнесе и околу коментарите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со разрешувањето на Хаќим Рамадани, директор на државниот Инспекторат за локална самоуправа, кој е и кандидат за претседател на општина Брвеница. Касами нагласи дека не стои зад Хаќим Рамадани, бидејќи тој предизвика етничка поделба во Брвеница. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.

Порталот ја пренесе изјавата, што ја даде Касами во овој контекст: „Изјавите на овој кандидат се негови лични изјави, ние, како коалиција Вреди, јасно го искажавме нашиот став. Во општина и во мултиетничка заедница не би помислил дека етничката поделба е најдобрата стратегија. Не треба да се приклучуваме кон етничките поделби, туку треба да се обединиме околу нашата визија, за изградба и развој. Затоа, во овој случај ги оценувам ставовите на кандидатот за претседател на на општина Брвеница како негови ставови. Јас, како градоначалник на општина Тетово, кој ги претставува сите граѓани, во овој случај и македонските, ромските и турските заедници, не можам да стојам зад повиците за етничка поделба.“ – рече Билал Касами за ТВ Алсат, пренесе „Алмакос“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top