Народна банка ги засилува активностите за управување со климатските промени
Народна банка во континуитет придонесува за подобрување на расположливоста на податоците поврзани со климатските ризици, пришто од минатата година започна со објавувањето на Преглед на „зелени“ показатели. За да ја согледа подготвеноста на корпоративниот сектор за справување со климатските ризици, Народна банка заедно со Европската инвестициска банка спроведе истражување кое покажа дека само мал дел (5%) од компаниите имаат планови за справување со климатски ризици, а управувањето и зелените финансии се во рана фаза.