Бизнис

Народна банка ги засилува активностите за управување со климатските промени

Народна банка во континуитет придонесува за подобрување на расположливоста на податоците поврзани со климатските ризици, пришто од минатата година започна со објавувањето на Преглед на „зелени“ показатели. За да ја согледа подготвеноста на корпоративниот сектор за справување со климатските ризици, Народна банка заедно со Европската инвестициска банка спроведе истражување кое покажа дека само мал дел (5%) од компаниите имаат планови за справување со климатски ризици, а управувањето и зелените финансии се во рана фаза.

Пожари, поплави, долготрајни суши. Климатските промени се рефлектираат врз економииите и финансиските системи, а ризиците што произлегуваат од нив можат значително да ја нарушат ценовната и финансиска стабилност. Под тие влијанија, според Светската банка, во изминатите 20 години нашата држава се соочила со штети од над 650 милиони долари. Паралелно со тоа, само пет отсто од компаниите во Македонија имаат планови за справување со климатските ризици.

Во глобални рамки, пак, климатските промени на годишна основа чинат повеќе милијарди долари. Оттаму и потребата за создавање зелен и одржлив финансиски сектор, на кои работат централните банки, кои ја имаат и улогата на супервизори врз активностите што во овој домен ги почнале или ги започнуваат банките, кои во своите планови ќе мора да ги внесат и ризиците што ги носат климатските промени. Исто како што тоа го прават државите што се на трусни подрачја, каков што е Западниот Балкан, и имаат изготвено мерки како да се справуваат со последиците од земјотреси. Сето ова беше посочено на Конференцијата за климатските ризици и финансиската стабилност: справување со денешните предизвици и искористување на утрешните можности, во организација на Народната банка и на Фондот за зелен развој.

  • „Климатските промени сè поинтензивно влијаат врз економиите и финансиските системи, а ризиците поврзани со климатските промени претставуваат значаен фактор кој влијае врз ценовната и финансиската стабилност. Поради тоа, централните банки веќе ги интегрираат овие ризици во аналитичките и супервизорските рамки. Пристапот на Народната банка ги следи меѓународните практики. Планираните активности од усвоениот Среднорочен план на активности за периодот 2023-2025 година се во завршна фаза, супервизорските очекувања се вградени во Насоките за управување со климатските ризици за банките, а климатските ризици се интегрирани во регулаторната рамка за кредитен ризик и регулативата за обелоденување податоци и известување. Анализите за влијанието на климатските ризици врз банкарскиот систем се составен дел од нашиот Извештај за финансиската стабилност, а тековно се работи на развивање климатски сценарија и стрес-тестови“, истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на отворањето на Конференцијата.

Воедно, нагласи дека Народната банка во континуитет придонесува за подобрување на расположливоста на податоците поврзани со климатските ризици, пришто од минатата година започна со објавувањето на Преглед на „зелени“ показатели. За да ја согледа подготвеноста на корпоративниот сектор за справување со климатските ризици, Народната банка заедно со Европската инвестициска банка неодамна спроведе истражување кое покажа дека само мал дел (5%) од компаниите имаат планови за справување со климатски ризици, а управувањето со климатските ризици и зелените финансии се во рана фаза.

  • „Меѓународната заедница предупредува на високите трошоци од задоцнета акција. Декларацијата на меѓународната мрежа за зелени финансиски системи укажува дека тригодишно доцнење во климатската транзиција може повеќе од двојно да ги зголеми глобалните економски трошоци до 2030 година. Свесноста расте и кај регулаторите и кај банкарскиот сектор, но потребни се континуирани и координирани напори. Анализите на ММФ покажуваат дека уделот на приватниот сектор во финансирањето на економиите во развој е потребно да се зголеми од сегашните 40 на 90 проценти до 2030 година, што ја нагласува потребата за силна соработка меѓу владите, меѓународните институции и финансискиот сектор“, додаде Славески, истакнувајќи дека Народната банка ќе продолжи да работи на зајакнување на отпорноста на финансискиот систем и поддршка на одржливиот економски развој.

Во создавањето зелен целосно одржлив финансиски сектор, значајна е улогата на сите чинители, нагласи директорот на Фондот за зелен развој, Борислав Костадинов, посочувајќи дека пред десетици години борбата со климатските промени воопшто не била во фокусот на интересирање во областа на банкарството.

  • „Пред 15 години никој од нас немаше да верува дека климатските ризици ќе имаат суштинска улога на конференција за централни банки. Основата на климатските ризици се префрли од маргините во главен фокус и сега е во центарот на финансиската сфера“, рече тој и дополни дека минатата година беше најтопла во историјата, а годинава ќе биде нешто малку поладна од неа. Температурите се во пораст и поттикнуваат природни катастрофи.

Директни последици може да претрпат ценовната и финансиската стабилност, како и економскиот раст, подвлече првиот заменик-гувернерк на Централната банка на Германија, Сабине Маудерер: „Многу централни банки веќе интегрираат климатски ризици во финансиската супервизија и макропрудентите политики. Истовремено, бараат од банките да ги зајакнат своите модели и рамки за климатски ризици. Во Европа веќе има климатски стрес-тестови со цел подобро разбирање како климатските ризици можат да влијаат врз финансиската стабилност“.

На Конференцијата, во панел дискусиите искуствата од државите од каде што доаѓаат ги пренесоа претставниците на централните банки. Што се однесува до земјите од Западен Балкан, сите ги имаат почнато со рализација на активности, а заедничко е согледувањето – многу се поподготвени банките што се дел од европските банки, затоа што нивните можности се многу поголеми. И од аспект на реесурсите и од аспект на трошоците, затоа што зелената трансформација е скапа инвестиција. Сепак, како заеднички проблем, присутен и во ЕУ, е ниската достапност на податоците врз кои се градат плановите, се прават проценки и стратегии.

Најнови вести од: Бизнис

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

(Фото): Гувернерот и министерката за финансии а средба со високи претставници од Светската банка

Продолжувањето на ова партнерство претставува важна поддршка за натамошниот развој на финансискиот систем во нашата земја, зголемувањето на неговата отпорност и поефикасното поврзување со европската и регионалната финансиска инфраструктура.

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

To top