Тема: Лидер на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Влада на Република Македонија Христијан Мицкоски

Мицкоски: Компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине

„Денеска јавноста беше сведок на поинаков пристап на решавање на отворени прашања, нешто што можеби не се случувало во изминатите 35 години државност, а тоа е преку плодна дискусија во оваа лидерска средба и во дебата, која во одредена мерка беше полна со предлози и идеи.“ – изјави денеска претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој истакна дека средбата била конструктивна. „Голем дел од отворените прашања се отворија. За поголем дел од тие поголеми отворени прашања имаме исто мислење и заеднички јазик, за еден дел, нормално, позициите ни се разликуваат. Но, она, што за мене важно е преку една ваква дискусија, во која што сите чинители присутни на оваа лидерска средба, кажаа јавно дека таа средба била конструктивна.“ – нагласи Мицкоски. „Македонските граѓани во овој период на празници можеа да видат поинакво однесување од политичките чинители, зрело и конструктивно однесување, кое значи надминување на проблемите.’ – додаде тој.

Мицкоски во Русиново на 119-годишнината од загинувањето на Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес присуствуваше на одбележувањето на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските сили на планината Петлец, во близина на Русиново.

Мицкоски: Стратегиска линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека националниот идентитет не е предмет на преговори! – Обврска е да се зачува континуитетот на македонската државност!

„Визијата за современа Македонија почива на јасни принципи: држава што го чува својот идентитет; држава што ја брани својата суверена позиција; држава што ја гради својата европска перспектива врз основа на партнерства, реформи и достоинствено претставување. Наследството на борбите за слобода, јазик, државност и културна самобитност создава три обврски за денешната генерација: да се зачува континуитетот и достоинството на македонската државност и идентитет; да се модернизира државата така што ќе биде отпорна на надворешни притисоци и внатрешни слабости и да се спречи злоупотребата на историјата за дневнополитички цели.“ – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во својата реч на денешниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци.

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

„Генерално, ‘Стратегијата Македонија 2030’ е документ, што ја содржи визијата за тоа како ние, како ВМРО-ДПМНЕ, во моментов владејачка партија, а се надеваме и до 2030-тата ќе биде така, ја гледаме Македонија и кои се столбовите, врз кои ќе ја темелиме нашата политика и како политичка партија и како најголема политичка партија во рамки на Владата.“ – рече завчера на средба со новинарите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

To top