Уставниот суд одлучи: Линеарното покачување на пензиите не е неуставно и останува во сила!
Уставниот суд одлучи да ја запре постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што престанува преиспитувањето на линеарното зголемување на пензиите. Со оваа одлука постојното законско решение останува дел од правниот поредок. Од Судот информираа дека предлогот за поинаква одлука не добил потребно мнозинство гласови, поради што постапката е прекината, пренесе МИА.