Тема: Македонци во Бугарија

Европската слободна алијанса го повикува Советот на Европа да продолжи внимателно да ги следи правата на малцинствата во Бугарија!

„Европскиот суд за човекови права утврди дека се прекршени правата на македонското малцинство во Бугарија: Македонците не беа признати, а македонските организации не беа регистрирани. И покрај дадените препораки, сè уште до денес ниту една македонска организација не е успешно регистрирана. Пример е нашата партија- членка на ЕФА ОМО Илинден-Пирин, на која сакаме да ѝ ја потврдиме нашата поддршка и нашата посветеност кон правдата, еднаквоста и правата на малцинствата низ цела Европа.“ – истакна вчера, на 20 ноември 2025 година во својата официјална изјава Европската слободна алијанса – ЕФА, европска политичка партија, која е сочинета од регионални и малцински политички парти од европскиот континент, а меѓу нив и ОМО „Илинден – Пирин од Бугарија.

Партијата МАЕИ ќе продолжи да се бори против агресивната политика на Бугарија за негирање на идентитетот на Македонците во Албанија

„„И покрај притисоците, со кои сме постојано соочени – преку разни методи, монтирани тужби пред албанските судови и други обиди за заплашување – Македонска алијанса за европска интеграција ќе продолжи одлучно да се бори против негацијата на македонскиот идентитет во Албанија од страна на бугарските оркестрирани структури, како во Албанија, така и во европските институции.“ – порачува партијата МАЕИ на Македонците во Албанија.

Видео на денот: Велат ги нема, ама еве ги Македонците од Бугарија со песна во пиринско Тешово

Само три дена пред „подвигот“ на бугарските европратеници со одложувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија поради најавеното признавање на македонскиот идентитет и јазик во него, „непостоечките“ Македонци од Бугарија „предварително“ им ги избија аргументите во селото Тешово, Пиринска Македонија. По чествувањето на 119-годишнината од убиството на локалниот војвода Атанас Тешовски – Тешовалијата со […]

To top