Македонија

Партијата МАЕИ ќе продолжи да се бори против агресивната политика на Бугарија за негирање на идентитетот на Македонците во Албанија

„„И покрај притисоците, со кои сме постојано соочени – преку разни методи, монтирани тужби пред албанските судови и други обиди за заплашување – Македонска алијанса за европска интеграција ќе продолжи одлучно да се бори против негацијата на македонскиот идентитет во Албанија од страна на бугарските оркестрирани структури, како во Албанија, така и во европските институции.“ – порачува партијата МАЕИ на Македонците во Албанија.

Единствената македонска партија во Албанија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во соопштение за јавноста ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата, изнесени во написот со наслов „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника – Бугарија го топи нивното население на два фронта“, кој е објавен на бугарскиот интернет-портал „Буревесник.бг“. Ова го објави македонската новинска агенција Нетпрес во својата информација со наслов „Македонците во Албанија се кренаа против бугарската асимилаторска политика“.

Натаму агенцијата наведува: Во реакцијата на МАЕИ се истакнува дека станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Албанија. Во реакцијата се додава дека се напаѓаат директно претседателот на МАЕИ Васил Стерјовски, потпретседателот Ефтим Митрефски, како и членот на Централниот комитет Никола Ѓурѓај.

„Овие написи претставуваат продолжение на долгогодишната политика на Бугарија за негирање на македонската нација и македонскиот идентитет. Македонска алијанса за европска интеграција со години доследно се бори против агресивната политика на Бугарија во Албанија, насочена кон асимилација на македонското национално малцинство. Таквата политика, која користи методи од 19 век, е спротивна на европските вредности и основните човекови права“ – нагласува Македонска алијанса за европска интеграција.

Се нагласува дека реакциите на МАЕИ не се говор на омраза, ниту израз на нетрпеливост кон бугарскиот народ, туку „легитимна и демократска борба за заштита на македонскиот идентитет и правата на Македонците во Албанија“.

„Одбраната на сопствениот идентитет како Македонец не значи омраза кон Бугарите.“ – наведува МАЕИ во своето соопптение и најавува дека дека за изнесените манипулации и клевети ќе поднесе тужба за клевета пред бугарските судови против интернет-порталот „Буревесник.бг“ и новинарот Петар Стефанов.


 

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top