Тема: македонци

Скандал: „Аналитичарот“ Мехази повикува да се подели „РСМ“ на албански и македонски дел, „зашто никој не ја сака, дури ниту Македонците“?!

Дали и како ќе реагираат надлежните државни институции во Република Македонија по ваквиот јавен повик за уривање на нејзиниот територијален интегритет, но имајќи ги предвид и сериозните квалификации за „нереагирањето на НАТО и да се пролее крв во државата“, како и етничките навреди дека „Македонците се Славосрби“?

Предизборна провокација на Дехари кон Македонците: Нека се вее албанското знаме над Кичево, да се обединат и да се мобилизираат Албанците!

Дали се уште постојниот градоначалник на Кичево и кандидат на ДУИ за четврти таков мандат Фатмир Дехари смета дека овој град и општина се некаква „етничка сопственост“ на Албанците и на неговата партија? Бидејќи, организацискиот секретар на ДУИ и поранешен вицепремиер Артан Груби, сега веќе бегалец од правдата, на предизборен митинг на ДУИ во Кичево спроти локалните избори во 2021 година ќе каже: „Кичево е воен плен од 2001 година и Македонец не смее да биде градоначалник на Кичево!“

ВМРО ДПМНЕ – Албанија официјално е регистрирана, заради обединување на сите Македонци во оваа земја

„ВМРО ДПМНЕ – Албанија е дом за сите, кои ја носат Македонија во своето срце!“ – порачува преку општествената мрежа претседателката на новата политичка организација на Македонците во Албанија Елена Симонофски.

Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа

Ова го тврди Евгенија Нацулиду, претставничка на организацијата „Крсте Мисирков“ од Грција според која Атина од 1923 година до денес не признала ниту еден словенски јазик, иако со протокол на тогашното Друштво на народите беше обврзана да обезбеди заштита на малцинствата на териториите стекнати по Првата светска војна

Ќе може ли преку ЕУ и ООН како во 1925 да се побара заштита за македонскиот јазик и неговите дијалекти во Грција, оти дел од нив се соочуваат со закана од „јазична смрт“?!

Сѐ поголем број од македонските дијалекти, особено во источниот и западниот дел на Егејска Македонија, се соочуваат со растечка закана од „јазична смрт“, иако сѐ уште покажуваат одредена отпорност и способност да опстојат, задржувајќи ја колку-толку улогата на чувари на македонската лингвакултура и идентитет во Егејска Македонија, денес во Грција.

To top