„Ние ќе победиме!“ – извикот на Вера Трена кон бугарските окупатори пред да се самоубие на 15.7.1944, положувајќи го животот во темелите на македонската држава
„Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!“ – ова биле последните, претсмртни зборови на големата македонска хероина Вера Циривири-Трена, кои ги извикала со силен глас кон бугарските полицајци ноќта на 14-ти спроти 15-ти јули 1944 година, бегајќи од нив меѓу куќите во Штип. Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од куршум на полициските агенти. За да не им падне жива во рацете, Трена се самоубива со својот пиштол. Своите само 24 проживеани години Трена ги даде во борбата против бугарските фашистички окупатори, вградувајќи ги во темелите на македонската држава.