Хорор во семеен дом во Центар: Син ја давел сопствената мајка и агресивно кршел саксии
Скандалозниот настан се случил во дворот на семејниот дом на улицата Славејко Арсов, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите мајка и татко. Таткото вознемирен веднаш го напуштил дворот, а пријавениот продолжил да ѝ се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови, соопшти Основното јавно обвинителство.