Свет

Орбан на Зеленски: Престанете да нè малтретирате!

Објавата на Орбан доаѓа во услови на ново влошување на односите меѓу Киев и Будимпешта.

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се огласи на социјалната мрежа X за да му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да „престане да ја малтретира“ Будимпешта.

„Унгарија е членка на НАТО и ЕУ. Украина одамна ќе се распаднеше без поддршката на овие две организации. Претседателе Зеленски, со сето должно почитување, престанете да нè малтретирате!“, напиша Орбан.

Објавата на Орбан доаѓа во услови на ново влошување на односите меѓу Киев и Будимпешта.

Во петокот, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто напиша на Фејсбук дека „претседателот Володимир Зеленски го губи разумот со своето антиунгарско расположение“ откако украинскиот претседател тврдеше дека извидувачките беспилотни летала го нарушиле украинскиот воздушен простор и веројатно припаѓаат на Унгарија. „Сега гледа чудовишта“, напиша Сијарто во тоа време.

Вчера, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави мапа на социјалната мрежа X која, како што тврди, ја покажува точната рута на упадот на дронот од Унгарија во украинскиот воздушен простор.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Најнови вести

To top