Македонија

Хорор во семеен дом во Центар: Син ја давел сопствената мајка и агресивно кршел саксии

Скандалозниот настан се случил во дворот на семејниот дом на улицата Славејко Арсов, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите мајка и татко. Таткото вознемирен веднаш го напуштил дворот, а пријавениот продолжил да ѝ се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови, соопшти Основното јавно обвинителство.

Хорор во главниот град. На подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(41) од Скопје, по претходна пријава дека на 21.09.2025 околу 23:00 часот во двор од семејна куќа физички ја нападнал неговата 68-годишна мајка и оштетил и разни предмети во дворот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Потоа осомничениот физички ја нападнал.

  • „Започнал да ја влече со рацете за да ѝ го земе телефонот, ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот,“ информираат од обвинителството.

Жената успеала да се тргне на страна, но синот продолжил со насилничко однесување, кршејќи саксии и предмети во дворот.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top