Тема: МИА

Мицкоски: Кога граѓаните бараат надеж, медиумите пренесуваат визија, објаснуваат реформи и потикнуваат јавна дебата

Новинските агенции секојдневно ја пишуваат првата страница на вистината, создавајќи јавна меморија, градејќи доверба и одржувајќи ја демократијата жива. Во услови на глобална поврзаност, медиумите се столб на демократијата, информираат, инспирираат, обединуваат и создаваат клима за просперитет, порача премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на 33. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-ЈИЕ), организирано од Медиумската информативна агенција – МИА во Скопје.

Внукот на Никола Карев: Боли што дедо ми бил избришан од химната

Трајко Карев внук на Никола Карев, во интервју за МИА вели дека најголемата болка е што неговиот дедо е избришан од химната, за што до ден денешен не добил одговор од историчарите која е причината за бришењето.

To top