Тема: МОН

Учебниците се решен проблем, в година нема да „прогледуваме низ прсти“, вели министерката за образование

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска упати порака до директорите на училиштата во врска со недостигот на учебници, нагласувајќи дека тие се должни да ги почитуваат законите и навреме да ги нарачаат потребните материјали. Таа порача дека проблемот со учебниците е системски решен, а одговорноста за недоволен број лежи исклучиво во директорите на училиштата.

МОН ја зголемува поддршката за талентирани студенти

Почнувајќи од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ќе ги покрие трошоците за патување и регистрација на студентите и менторите кои ќе се квалификуваат за меѓународни научни олимпијади или натпревари, најави министерката

Клуч на врата на Факултетот за бизнис економија – работел на црно

Факултетот за бизнис економија во Скопје е дислоциран од зградата каде што држеше настава. Веб страницата на Факултетот постои, но освен насловната страна, ниту еден друг линк не работи. Поради тоа не може ниту да се провери кој се предавал во овој факултет.

To top