Македонија

Дури 22,2 милони евра за наука во 2026 година – за што ќе се трошат?!

Министерството, оваа календарска година преку 3 повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните универзитети, факултетите и научните установи, на МАНУ и на бизнис-заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите успешно се реализираат.

Министерството за образование и наука го честита Светскиот ден на науката за мир и развој и соопшти дека за следната 2026 година е предвидено рекордно зголемување на буџетот за научно-истражувачка дејност, кој изнесува 22 милони евра.

  • „Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно-истражувачката дејност. Од 380 милиони денари (6 милиони евра) во 2024 година, на 680 милиони денари (11 милиони ева) во 2025 година, а за следната 2026 предвиден е рекорден буџет од 1,37 милијарда денари за наука (22,2 милиони евра)“, соопшти МОН.

Министерството, се додава во соопштението, оваа календарска година преку 3 повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните универзитети, факултетите и научните установи, на МАНУ и на бизнис-заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите успешно се реализираат.

  • „Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарда денари со кои продолжува финансирањето на научно-истражувачки проекти, за развој на лабораториските ресурси, за учество на меѓународни научни конференции и за организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус на студии во државата, како и за организирање на научни и студиски престои во странство“, соопшти Министерството за образование.

Посебно радува зголемениот интерес кај младите да се занимаваат со наука и иновации, се додава, што се огледува преку искористување на мерките кои МОН ги става на располагање.

„Заедно со другите надлежни владини институции продолжуваме да ги поддржуваме младите во реализација на личните амбиции. Развојните политики добиваат континуитет, затоа што секој влог во науката се исплати и не треба да се штеди на пари и труд во овој сегмент. Честит 10 Ноември, Светски ден на науката“, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.

Најнови вести од: Македонија

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Милошоски: Македонија меѓу предводничките по постигнатите реформи во рамките на Реформската агенда од Планот за раст на ЕУ

Проценката на Европската комисија, ѝ дава за право на владејачката партија да упати апел до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да не ги попречува законите кои се дел од обврските од Реформската агенда, меѓу кои и Изборниот законик, и да покаже прагматичност во интерес на државата

To top