Македонија

Студентите бараат зголемување на студентскиот оброк за 10 денари

Од Националното студентско тело истакнуваат дека ова усогласување не е дополнителна привилегија, туку неопходен чекор за поддршка на студентите во услови на зголемени животни трошоци.

Националното студентско тело бара зголемување на износот за субвенциониран студентски оброк од 140 на 150 денари почнувајќи од 2026 година. Барањето, како што велат од НСТ, се темели на Законот за субвенциониран студентски оброк, кој предвидува усогласување на сумата со стапката на инфлација по секоја фискална година, а пред усвојувањето на републичкиот буџет. Последната промена на износот била во 2023 година, кога сумата е зголемена од 120 на 140 денари.

НСТ го образложува своето барање со инфлациската стапка за 2024 и 2025 година, која според податоците на Народната банка, Државниот завод за статистика и проекциите на ММФ изнесува 3,5 отсто за 2024 година и околу 3,4 проценти за годинава.

Според пресметките на НСТ, за да се зачува реалната вредност на оброкот, сумата треба да се зголеми за речиси 10 денари, со што би достигнала 150 денари. За ова зголемување се потребни дополнителни 70 200 000 денари или околу 1 141 463 евра годишно. Оваа сума е пресметана врз основа на просечен број од 30 000 студенти корисници на мерката во текот на девет месеци.

Од Националното студентско тело истакнуваат дека ова усогласување не е дополнителна привилегија, туку неопходен чекор за поддршка на студентите во услови на зголемени животни трошоци. Со тоа, велат оттаму, државата би покажала грижа и би инвестирала во младите, кои се сметаат за носители на идниот развој на државата.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека ќе се залага за барањето за покачување на субвенционираниот студентски оброк, но истакна дека не може да гарантира дека ќе се случи тоа. Министерката нагласи дека студентите сега имаат партнер во Министерството и дека сите нивни досегашни барања биле исполнети.

  • „Ова прашање стигна до мене. Мислам дека во иднина би можеле да се договориме, но во овој момент не можам да гарантирам затоа што буџетот на Министерството за образование зависи од буџетот на државата. Секако дека ќе се залагам доколку е можно и оваа година да биде остварено“, рече министерката Јаневска. 

Таа додаде дека искрено верува дека студентите треба да имаат подобри услови за учење бидејќи, според неа, тие се идните носители на развојот на државата.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top