Мицкоски: Приоритет на Владата е грижа за семејствата и најмладите со градење градинки, за да се охрабруваат брачните двојки за дете повеќе!
„Нашиот приоритет како Влада е политиката за семејствата, грижата за најмилите, за најмладите продолжува и понатаму во периодот којшто следи, бидејќи останува на младите иднината. Ние треба да ја направиме таа иднина поперспективна. На овој начин на голем број брачни двојки им се олеснува начинот на функционирање, а истовремено и сите тие се охрабруваат да се одлучат за дете повеќе, за новороденче повеќе, за да можат детските градинки да бидат колку е можно повеќе исполнети.“ – изјави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денес при пуштањето во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ во Гевгелија.