Жестокиот критичар на великобугарскиот шовинизам Мито Хаџивасилев-Јасмин (21.12.1922-1.8.1968): Македонците не можат да бидат асимилирани поради нивната јасна македонска национална свест!
Мито Хаџивасилев-Јасмин е многу повеќе од новинар и публицист: тој е директен учесник во македонската Народноослободителна и антифашистичка борба во Втората светска војна. Преку своите текстови кристално јасно ги заштитува македонските национални и политички интереси. Се пројавува како застапник на македонските национални особености и како критичар на сите националистички и шовинистички активности против македонскиот народ.