Мицкоски: Владата подготвува мерки за ограничување на брзите кредити, по законот за игри на среќа
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува мерки и за ограничување на брзите кредити, откако претходно беше утврден новиот Предлог-закон за игрите на среќа и забавните игри. Тој рече дека, според анализите на Владата, токму долговите се една од причините поради кои граѓаните ја напуштаат државата. Мицкоски истакна дека „како по правило“ речиси до секоја обложувалница, или казино се отвораат и канцеларии за брзи кредити, создавајќи опасен круг на долгови и зависност.