Македонија

Мицкоски: Владата подготвува мерки за ограничување на брзите кредити, по законот за игри на среќа

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата подготвува мерки и за ограничување на брзите кредити, откако претходно беше утврден новиот Предлог-закон за игрите на среќа и забавните игри. Тој рече дека, според анализите на Владата, токму долговите се една од причините поради кои граѓаните ја напуштаат државата. Мицкоски истакна дека „како по правило“ речиси до секоја обложувалница, или казино се отвораат и канцеларии за брзи кредити, создавајќи опасен круг на долгови и зависност.

„Градовите почнаа да ни наликуваат со оние реклами, со оние билборди како градови каде коцкарниците се главна индустрија. Тоа не личеше на ништо и не личи на ништо и со овој закон ќе се стави крај ан таа перцепција кај граѓаните. Некако до тие казина како по правило се отвараат канцеларии каде што се даваат и брзи кредити. Следно на што ќе работиме е тоа, работиме на тоа, сега за сега не би сакал да давам повеќе детали. Цениме дека врз нашата анализа направена заклучивме дека најголем дел од луѓето причина за изселување од државата го користат и тој аргумент, долговите кои што се наталожиле. Имајќи го предвид сето ова ценам дека со овој закон во морална смисла на зборот драматично ќе ја подобриме состојбата во државата. “, рече Мицкоски

Со новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри се воведуваат строги ограничувања за рекламирањето на коцкањето, како и забрана казина и обложувалници да се наоѓаат на помалку од 500 метри од училишта. Од Владата велат дека досега се затворени и 358 нелегални странски интернет платформи за игри на среќа.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top