Тема: очекувања од новиот јавен обвинител

Мицкоски: Очекувам јавниот обвинител да истражи како ги предаде Катица Јанева случаите од затвор, како се судеа луѓе за тероризам и како се делеа бонуси во СЈО!

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. „Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките, кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, стојат или во фиока, или на дното од приоритетите. Честопати на седница на Влада ја анализираме работата на институциите врз основа на извештаи, кои што ДЗР ги доставува до Владата и до сега јас лично, може стотина пати, имам прашано: ако ова го констатирал Државниот завод за ревизија, дали ова е некаде процесуирано? Одговорот без исклучок е ‘да, процесуирано е до Јавниот Обвинител’ Очекувам сите овие предмети да бидат извадени и да се работат и да се види дали таму има основано сомнение за сторен криминал од луѓето кои ги воделе тие институции или нема.“ – нагласи премиерот Мицкоски.

To top