Македонија

Во април зголемување на платите во здравството

Мицкоски нагласи дека здравствениот буџет годинава изнесува речиси една милијарда евра и дека во него се пресметани зголемувањата на платите. Договорот за раст на примањата на здравствените работници останува во сила до 2028 година.

Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите – истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој соопшти и дека по подолг временски период, на позитивната листа се додадени нови лекови, а почнати се и постапки за сериозни инфраструктурни вложувања во здравството.

Мицкоски нагласи дека здравствениот буџет годинава изнесува речиси една милијарда евра и дека во него се пресметани зголемувањата на платите. Договорот за раст на примањата на здравствените работници останува во сила до 2028 година.

Тој оцени дека Владата затекнала лоша состојба во здравството, со многубројни долгогодишни проблеми, погрешни политики и обврски, кои претставувале дополнителен товар за јавните здравствени установи, особено Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

  • Работиме на решавање на проблеми што со децении останале нерешени. Знам колку вложуваат министерот за здравство и директорот на Фондот и уверен сум дека значителен дел од предизвиците веќе се решаваат – рече премиерот.

Мицкоски укажа и на случаи на злоупотреби при пријавување дежурства, каде што поединци, како што рече, прикажувале непрекината работа и примале над 10.000 евра месечно.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

To top