Македонија

Уапсени петмина, од кои четворица малолетници за лажните дојави за бомби во тетовските училишта!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полицајци од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така вмешани во случаите со лажните дојави за поставени бомби. Против сите пет лица кои се инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик.

МВР апелира до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите деца. Потребно е максимално внимание и превенција за да се спречи какво било понатамошно појавување на вакви појави кои ја вознемируваат јавноста и го нарушуваат безбедносниот систем.

СВР Тетово нема да толерира никакви обиди за загрозување на безбедноста на учениците и граѓаните. Во случаи на идни вакви дејства ќе се преземаат најстроги законски мерки против сторителите, но и против родителите за запоставување на должноста за надзор.

Ќе се поттикне и преземање педагошки и социјални мерки во тесна соработка со образовните институции и Центрите за социјална работа.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top