Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!
„Пред 25-26 месеци наследивме уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега, колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.