Македонија

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес и тоа е наша цел како Влада. Мотивирани сме како никогаш до сега, за да реализираме“, дополни премиерот.

„Ќе повторам, мотивирани сме како никогаш до сега, да остваруваме нешто што се гледа, нешто што граѓаните можат да го видат што допринесува за подобриот стандард и живот за граѓаните и инсирацијата целосно ја црпиме од поддршката што ја добиваме од граѓаните и јас сум за тоа исклучително благодарен“, нагласи Мицкоски и додаде:

„Дека сѐ е идеално, не е. Дека има грешки има, кој работи знае понекогаш и да погреши, но дека е подобро од пред три години, морате сите да се согласите дека е“.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top