Тема: Охрид

Му се заканува ли еколошка катастрофа на Охридскоро езеро и рибниот фонд?!

Полициските извештаи сведочат за редовни акции во кои се запленуваат километарски мрежи, чамци и стотици килограми незаконски уловена риба.За илустрација во периодот на мрест, од 1 декември кога е на сила е целосна забрана за лов,запленети се 26 рибарски мрежи и 1.465 единки белвица. Спортските риболовци,без задршка  кажуваат дека дневно од страна на рибократците се изловиваат од 500 кг до 1 тон риба.

Битка за статусот: Се крои извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО

Се подготвува извештајот од страна на македонските власти а формиран е и кризен штаб кој работи на препораките и обврските за заштита на природните и културните вредности на охридскиот регион. Министерот за култура Љутков во февруари очекува позитивна оценка од Унеско, вели направено е доста но потребна е комуникација и со албанската страна.

(Фото): Пробиваме планини за безбеден автопат Охрид-Кичево, вели Николоски

Со засилено темпо продолжуваат да се изведуваат градежните зафати на автопатот Охрид – Кичево. За првпат во Македонија, но и во поширокиот регион, на оваа траса се применуваат напредни градежни решенија за стабилизација на теренот, со цел автопатот целосно да се доизгради и да се стави во функција како безбедно сообраќајно решение.

To top