Македонија

Охрид подготвен за Водици, настан во календарот што привлекува поголем број гости

Богојавление Водици

Градот Охрид е подготвен за годинешното издание на Богојавленскиот водосвет – чествувањето на првославниот празник Богојавление – Водици со осветувањето на водите на Охридското Езеро и традиционалното положување на Чесниот крст.

Чествувањата на верскиот празник ги организираат Општина Охрид и Дебарско-кичевската епархија, во духот на христијанската традиција како манифестација што години наназад е една од најмасовните во овој дел од православниот свет.

Централното градско подрачје е свечено украсено, Градскиот плоштад подготвен за гостите,  пристаништето е измиено, дислоцирани се сите пловни објекти, а дното на езерото каде ќе влегуваат верниците во водата исчистено од цврст отпад.

Самата манифестација е поделена во два дела – верски што и припаѓа на Црквата односно за што е задолжена Дебарско-кичевската епархија, додека за се останато, за самото одвивање на манифестацијата, за забавниот дел, безбедноста на посетителите, сето е во координирана надлежност на Општината, со вклученост на сите градски јавни претпријатија и активна поддршка на државните служби.

Што се однесува на верскиот дел од манифестацијата, Централната богослужба ќе се одржува во црквата „Успение на Пресвета Богородица“  –  Каменско. Богослужби ќе има и во црквите „Св. Никола- Геракомија“ од каде и потекнува и оваа традиција, „Св. Никола“ во  Долна Влашка Мала и „Св. Ѓорѓија“ во Горна Влашка Мала. Во 9:45 часот литиите од сите цркви ќе тргнат кон Градското пристаниште каде што во 10 часот ќе се одржи голем Богојавленски водосвет и ќе се положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Оваа година за прв пат водите на Охридското Езеро ќе ги освети и во нив ќе Чесниот крст ќе го положи новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј, кој и самиот вели дека Богојaвление – Водици е еден од најважните настани, не само за градот Охрид, туку и за цела Македонија, којшто и во текот на изминатите години никој не го наметнал, туку природно Охрид го има здобиено најважниот настан на Богојавление да се случува токму тука.

Најнови вести од: Македонија

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

Ајварот, струшкиот вез, ратевските бамбурци и чалгиската музика се новото заштитено културно добро на Македонија

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) изминатиов период интензивно работи на впишување на нови нематеријални добра на национално ниво, амбицирајќи се да ја достигне симболичната бројка на 100 впишани нематеријални добра во Главната книга (дел III) од Националниот регистар.

To top