Спорт

Еурофарм Пелистер во одбрана на Манасков: Дејан не бил приведен, бил повикан на информативен разговор

Ракометниот клуб Пелистер излезе со необично соопштение во кое ја демантираат полицијата дека Дејан Манасков бил приведен по вчерашниот натпревар во Охрид.

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер издаде соопштение во кое ги демантира информациите дека нивниот играч Дејан Манасков бил приведен по вчерашниот натпревар против ГРК Охрид.

Во соопштението од клубот се вели: „Ракометарот на Еурофарм Пелистер – Дејан Манасков беше повикан на информативен разговор во СВР Охрид, по што е пуштен дома, ги демантираме сите медиуми, дека нашиот ракометар е приведен“.

Ова доаѓа по вчерашната официјална информација од портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој изјави: „На 14 декември 2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што се одржуваше во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Натпреварот заврши со убедлива победа на ГРК Охрид од 29:25, при што домаќините во еден момент водеа и со девет голови разлика. По завршувањето на мечот дојде до инциденти меѓу играчите и навивачите на Пелистер, кои тешко го прифатија поразот.

Случајот продолжува да се расчистува, а од полицијата се очекуваат дополнителни детали.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top