Ќулафкова: Стана „престижно“ да се омаловажува Делчев, но тој беше важен чинител за политичкото созревање на македонската нација и за слободата на Македонија!
„Стана ‘престижно’ да се омаловажуваат македонските историски личности, вклучително и Гоце Делчев. Историската свест како да е ставена на операционен стол за ампутација на чувствителните делови, а нив ги има. Да кажат тие пациенти која нација – држава во Европа и Азија е создадена без контакт на историското со митското време? Секоја култна историска личност прераснува во мит. Митот тешко се претвора во историја, но и тоа се случува. Гоце е и историски факт, но и култна личност е, затоа што со својата дејност за слобода и самостојност на Македонија и Македонците бил важен чинител на политичко и револуционерно созревање на македонската нација.“ – реагира академик Катица Ќулафкова преку својот фејсбук-профил.