Тема: Орден „Илинден 1903“ посмртно

Орден „Илинден 1903“ посмртно за придонесот на големиот патриот лекарот д-р Анастас Коцарев кон македонската државност и идентитетска самобитност

Големиот македонски родољуб и лекар-онколог Анастас Коцарев денес посмртно е одликуван со орденот „Илинден – 1903 година“ од претседателката на Република Македонија проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова, како висока национална почит и израз на признание за неговиот исклучителен придонес кон афирмирањето на македонската самобитност. Одликувањето е признание за долгогодишните заложби и делата на Коцарев, кои оставиле траен белег врз македонската историја и националното македонско самоопределување. Орденот „Илинден – 1903 година“ ја нагласува вредноста на индивидуалниот придонес на Анастас Коцарев во градењето на македонската државност и македонскиот национален идентитет особено и во надворешни, меѓународни рамки. Во светски рамки д-р Анастас Коцарев е еден од првите лекари и научници, кој што работел на истражување и лекување на ракот, како еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата, и кој е прв во светот, што направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Но во колективното паметење на македонскиот народ Коцарев останува трајно запомнет како човек, што работел во полза на македонската кауза среде македонското иселеништво, залагајќи се за самостојна и независна македонска држава, за идентитетската самобитност на Македонецот во Балканот, во Европа и светот.

Најнови вести

To top