Колумни

Орден „Илинден 1903“ посмртно за придонесот на големиот патриот лекарот д-р Анастас Коцарев кон македонската државност и идентитетска самобитност

Големиот македонски родољуб и лекар-онколог Анастас Коцарев денес посмртно е одликуван со орденот „Илинден – 1903 година“ од претседателката на Република Македонија проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова, како висока национална почит и израз на признание за неговиот исклучителен придонес кон афирмирањето на македонската самобитност. Одликувањето е признание за долгогодишните заложби и делата на Коцарев, кои оставиле траен белег врз македонската историја и националното македонско самоопределување. Орденот „Илинден – 1903 година“ ја нагласува вредноста на индивидуалниот придонес на Анастас Коцарев во градењето на македонската државност и македонскиот национален идентитет особено и во надворешни, меѓународни рамки. Во светски рамки д-р Анастас Коцарев е еден од првите лекари и научници, кој што работел на истражување и лекување на ракот, како еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата, и кој е прв во светот, што направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Но во колективното паметење на македонскиот народ Коцарев останува трајно запомнет како човек, што работел во полза на македонската кауза среде македонското иселеништво, залагајќи се за самостојна и независна македонска држава, за идентитетската самобитност на Македонецот во Балканот, во Европа и светот.

Пишува: Свето Тоевски

 

Еден од пионерите на радиотерапијата и борбата против ракот

Анастас Коцарев завршил основно образование завршил во Охрид, а средно образование во Солунската гимназија во 1908 година. Познавачите велат дека семејната трагедија, односно смртта на неговата мајка (почината од рак), како и на двете сестри, кои починале млади, ќе бидат причина младиот Анастас да одлучи да студира медицина. Неговиот татко, кој бил познат банкар, за да ги плати трошоците за студиите на својот син, продал дел од семејниот имот бидејќи Анастас студирал на Медицинскиот факултет во Женева. Анастас работел како асистент на универзитетската клиника, каде што и докторирал. Од 1917 до 1919 година работел и како лекар и приватен доцент по онкологија на истиот факултет. Тој бил целосно посветен на науката и македонското прашање. Анастас воспоставил широки контакти, кои ги користи не само за неговите медицински истражувања, туку и за македонската кауза. Од 1921 до 1931 година д-р Коцарев има издадено голем број публикации за својата истражувачка работа. За својата истражувачка работа добил награда од Медицинската академија во Париз.

Претседател на женевското друштво „Македонија“

Коцарев и покрај тоа што успеал да се пробие во европските и светските медицински кругови, никогаш не ја заборавил својата татковина Македонија и ѝ останал приврзан. Во 1915 година го обновил академското друштво „Македонија“. Во текот на Првата светска војна, при Универзитетот во Женева студирале петнаесетина Македонци, кои станале јадро на споменатото друштво. Македонските студенти од Универзитетот во Цирих во 1915 година формирале политичко друштво „Македонија на Македонците“, а во 1916 година во Лозана било формирано политичкото друштво „Македонија – за одбрана на правата на Македонците“ Во Женева било формирано Политичкото друштво за независност на Македонија. До крајот на Првата светска војна во Швајцарија постоеле околу 25 македонски друштва, кои во времето на Версајската мировна конференција го формирале Главниот одбор на македонските друштва за одбрана на целоста и државната конституција на Македонија.

Во август 1918 година, д-р Александар Коцарев ги обединил македонските друштва од Цирих и Лозана во заедничкото Друштво на Македонците за независна Македонија. На 15 декември 1918 година тие го основале Главниот одбор на македонските друштва во Швајцарија или Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија, со седиште во Лозана. Д-р Коцарев бил избран прво за потпретседател, а отоа и за претседател. Во овој период нивен печатен орган било списанието „Македонска независност“, преку кое светот се запознал со борбата и стремежот на македонскиот народ. Историчарот Љубе Лапе истакнува дека главен двигател на на овие друштва бил авторитетниот и напреден охриѓанец д-р Анастас Коцарев, приватен доцент на Женевскиот универзитет. Toj ја дал и идејата за здружување на овие политички друштва во единствена организација, наречена Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија со седиште во Лозана, за да може со поголеми изгледи да се реализира стремежот на овие друштва за една слободна Македонија, нагласува овој македонски историчар.

Според Лапе, уште во самите имиња на друштвата се истакнува тукуречи и нивната основна цел и програма: политичкото друштво „Македонија на Македонците“ го носи на својот печат циришкото друштво; „Македонското друштво за независна Македонија“ ja огласува целта на женевското друштво, лозанското друштво „Вардар“ го повторува во својот печат популарното гесло на македонското национално ослободително движење: „Македонија на Македонците“; друго лозанско друштво во своето име ги носи програмата и целта изразени во зборовите: „Одбрана на правата на Македонците“.

Застапник за македонската државност и независност и државност

 Во мај 1919 година Коцарев контактирал со со проф. Г.Д. Херонод од САД, кој го поддржал барањето на македонскиот народ за независност. Но, барањето на Главниот одбор да испрати тричлена комисија, која би ги застапувала интересите на македонскиот народ, било одбиено од преговарачите на Париската мировна конференција. Тоа не ги спречило д-р Коцарев и неговите соработници да продолжат да испраќаат телеграми и петиции, барајќи праведно решавање на македонското прашање. Во дописите до Париската конференција, Главниот одбор на македонските друштва во Швајцарија инсистирал на 14-те Вилсонови точки, во кои се предвидувало правото на самоопределување на секој, па и на македонскиот народ. Од сите упатени писмени акти особена важност има апелот, што бил испратен до целиот цивилизиран свет во јуни 1919 година, потпишан од претседателот д-р Коцарев и неговите соработници. Во него е нагласено дека Македонците имаат право на живот, а се истакнува и волјата на македонскиот народ за создавање независна македонска држава, според примерот на Швајцарија и под протекторат на една од незаинтересираните сили – САД.  

Политичката активност на д-р Коцарев, иако била краткотрајна (1917-1919), сепак има големо значење за историјата на македонскиот народ. Особено е интересна неговата соработка со федералистичките кругови на југословенската младина, преку која настојувал да ја реализира идејата за балканска конфедерација, која ја гледал како средство за остварување на независноста и обединување на Македонија, има напишано д-р Владимир Картов во својата книга „Борбата на македонскиот народ за остварување на правото на самоопределување“ (1979). „Заложбата на д-р Коцарев против угнетувањето на малите народи, пристапот кон идејата за независна и слободна Македонија и заложбите за нејзина реализација, со право му го припишува епитетот на голем патриот, кој е сериозно загрижен за судбината на својата земја“, нагласува  историчарот Љубен Лапе во својата научна студија „Политичката активност на д-р Анастас Коцарев“.

 Д-р Анастас Коцарев, починал на 29 март 1931 година во Париз. Неговиот гроб денес се наоѓа на градските гробишта во париската општина Бонди, во Франција..

(Во изготвувањето на оваа колумна е користен и научниот труд „Осврт на животот и делото на Анастас Коцарев (1889-1931)“ на д-р Габриела Топузовска од Институтот за национална историја од Скопје, објавена во 2016 година).

Најнови вести од: Колумни

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

Македонското научно-литературно другарство од 1902 – моќниот гласник на македонската вистина во Европа и светот (1)

„Словеномакедонското национално-просветно друштво ‘Св. Кирил и Методија’ има цел да го помага духовното преродување и обединување на Македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување.“ – се наведува во член 1 на во Уставот на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД), основано на денешен ден, на 28 октомври 1902 година во тогашен Санкт Петербург, во Русија. Активностите на Македонското научно-литературно другарство на Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и другите македонски национални дејци, собрани во него, имаат огромно, немерливо значење за македонскиот народ и Македонија, бидејќи уште пред повеќе од еден век многу јасно и многу силно ги претставуваа и ги заштитуваа македонските национални и државни интереси пред агресивните балкански држави и нивните поддржувачи – големите европски сили. МНЛД им укажа на Европа и светот уште пред 122 години дека постои еден народ во Балканот со своја македонска самосвест, кој се бори за правото сам да ја кове својата судбина, без никој да господари со него. Вонвременските пораки на на ова македонско интелектуално Другарство одекнуваат со сета сила и актуелност и денес, во овие сложени геополитички и меѓународни моменти, во кои се втурнати македонскиот народ и Македонија.

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

To top